Утрово во трговскиот центар „Енјуб“ во Нов Белград избувна пожар. 45 пожарникари работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на понатамошно ширење, известија српските медиуми.
Фотографиите и снимките од местото на настанот покажуваат пожарникари, облечени во заштитна опрема и маски, како се движат низ густ црн чад за да пробијат делови од кровната конструкција и да го изгаснат пламенот од внатрешноста на зградата.
Според очевидци, пожарот зафатил неколку простории, но најголем проблем е покривот на зградата, кој сè уште тлее и гори. Како резултат на тоа, голем столб од чад сè уште се издига над Нов Белград, видлив од многу делови на градот, пишува Телеграф.
Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот кон преостанатите поврзани згради во низата. Според официјалните информации, досега нема повредени.
На жителите на блиските згради им е побарано да не ги отвораат прозорците поради чадот. Сообраќајот на улицата „Јурија Гагарина“, каде што се наоѓа трговскиот центар, се одвива бавно. Службите за итни случаи се исто така на лице место како мерка на претпазливост.
Текстот (Видео) Гори трговски центар во Белград е превземен од МАКФАКС.












