Министерството за образование и наука потсетува дека утре започнуваат уписите во јавните средни училишта во учебната 2026-2027 година. Пријавување како и во изминатите години е електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде што учениците се најавуваат со веќе постоечките кориснички сметки на schools.mk.

Првото пријавување на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши од 12 до 15 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 и 17 јуни. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, училиштата треба да ја објават на 18 јуни.

Второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни. Третото пријавување е на 20 август.

Конкурсот со слободните места и јавните средни училишта учениците можат да го најдат на следниот линк

За учениците од голема помош при изборот, може да биде онлајн водичот за квалификации – кој ќе им овозможи да донесат информирана и правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат и понатаму да работат.

Текстот Утре започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта е превземен од МАКФАКС.