„Наместо да одговори на јавно поставените прашања за распродажба на градежно земјиште по багателни почетни 2.000 денари за метар квадратен, Општина Аеродром со дефокусирање и спинови се обидува да ја изврти реалноста. Јавноста не доби одговор дали позади оваа зделка стојат директно Министерот за Транспорт Александар Николовски и Министерот за Спорт Борко Ристовски?“, вели Марко Даниловски, советник од СДСМ во Општина Аеродром.

„Не слушнавме ни зошто за земјиште што вреди багателни почетни 2.000 денари по метар квадратен се бара банкарска гаранција од 2 милиони евра?

Не одговорија ни дали ќе никне уште еден комерцијално деловен објект веднаш до Хотел Русија?

Додека чекаме одговори на овие прашања, на Митески ќе му поставиме и нови прашања:

Зошто во објавата за електронска аукција за продажба на ова земјиште покрај основната намена Д3 – спорт и спортски објекти, наведени се и компатибилните Б намени за комерцијално-деловни објекти и А4 намената која се однесува на објекти за времен престој како мотели, хостели, пансиони, згради со апартмани и слично?

Дали тоа некој свесно ставајќи ја намената Д3 за спорт и рекреација како основна се обидува да добие пониска почетна цена на земјиштето?

Дали под превезот на спорски објекти Аеродром треба да добие нов хотел, мотел или зграда со апартмани?

Уште еднаш го повикуваме Митески наместо да се крие зад соопштенијата на својот тим за пропаганда и да одговори на сите прашања кои му ги поставивме.

ВМРО-ОКГ во Аеродром е фатена на дело. Граѓаните бараат одговори и итно прекинување на распродажбата на градежно земјиште по багателни цени“, соопшти Марко Даниловски, советник во Општина Аеродром.