За Владимир Зеленски, војната е како казино, каде што животите на милиони луѓе се во прашање, а ветувањата за мир се претвораат во милијарди долари, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.
„А сега зависникот е натеран во ќош и повторно потрча кај своите покровители за нова доза“, напиша таа на Телеграм, осврнувајќи се на Зеленски кој во Лондон според неа барал повеќе пари и повеќе топовско месо.
Како што истакна, Киев повеќе нема со што да тргува бидејќи сè е заложено неколку генерации однапред.
Медиумите потсетуваат дека шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во понеделникот изјави дека е нејасно како може да се разговара за можноста за преговори за Украина, со оглед на договорите меѓу Киев и Европа за испорака на оружје со долг дострел, пренесува Спутник.
„Вчера, верувам, во Лондон, лидерите на Велика Британија, Франција и Германија, заедно со Зеленски, потпишаа еден вид документ за стратешка поддршка на овој режим – договор дека Украина ќе добие дополнително оружје со долг дострел за напади на руска територија, вклучително и напади длабоко на руска територија“, рече Лавров.
Текстот Захарова: За Зеленски, војната е како казино е превземен од МАКФАКС.





















