Британскиот актер Кит Харингтон откри дека до својата 11-та година не знаел дека Кит не е неговото вистинско име.
Ѕвездата од „Игра на тронови“ е родена како Кристофер Кејтсби Харингтон, но сите од детството го викале Кит. Вистината ја дознал за време на училишен тест, кога наставниците му објасниле дека официјално е запишан како Кристофер Харингтон.
„Тоа беше прилично бизарна егзистенцијална криза за едно 11-годишно дете“, изјавил актерот.
И покрај откритието, никогаш не почнал да го користи името Кристофер, истакнувајќи дека Кит е дел од неговиот идентитет.
Харингтон светска слава стекна со улогата на Џон Сноу во „Игра на тронови“, а неодамна потврди и дека планираната спин-оф серија за ликот е откажана бидејќи не била пронајдена соодветна приказна.
Текстот Ѕвездата од „Игра на тронови“ до 11 години не знаела како навистина се вика е превземен од МАКФАКС.





















