Синоќа во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје има починато лице.

Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија.

Извршен бил разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош.

Извршен е увид, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на судска медицина за обдукција, соопшти полицијата.

Текстот Починат маж пронајден во паркот „Жена борец“ во Скопје е превземен од МАКФАКС.