Во руски напад врз југоисточниот дел од регионот Запорожје во Украина загинаа пет лица, а 14 се повредени.

Гувернерот на регионот го објави ова денес на Телеграм.

Иван Федоров рече дека Русија го нападнала регионот со воздушни удари, беспилотни летала и гранатирање.

Инфраструктурата, станбените згради и автомобилите се оштетени.

Текстот Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени е превземен од МАКФАКС.