Холивудскиот актер Бред Пит (62) и неговата девојка Инес де Рамон (33) се појавија заедно на женското финале на Ролан Гарос и веднаш ги привлекоа сите погледи.
Од првиот ден од врската со 29 години помладата дизајнерка на накит, Пит дополнително се подмлади и го промени својот стил, па комплиментите за неговиот изглед не стивнуваат веќе некое време.
Моментот кога беа малку поинтимни пред сите и разменија нежности привлече особено внимание, со оглед на тоа што никогаш порано не биле толку опуштени пред камерите.
За оваа пригода, Бред Пит беше во малку полежерна облека, лесни панталони и бела кошула, додека Инес се одлучи за бел фустан.
Двојката веќе некое време е во Париз, каде што уживаат во прошетки, романтични вечери и концерти, а потоа сакаа да присуствуваат на тенискиот натпревар, каде што речиси станаа главни ѕвезди на натпреварот.
Текстот (Фото/Видео) Не може да се одвои од својата девојка: Бред Пит не ги крие своите емоции дури ни пред милиони луѓе е превземен од МАКФАКС.





















