Експлозијата се случи на пристаништето 78. Пристапот до областа е ограничен, а сите надлежни институции се ставени во состојба на тревога. Активиран е Црвениот план за интервенција, пишуваат романските медиуми.

Експлозијата се случила околу 10:30 часот наутро, откако дронот првпат бил забележан во 5:50 часот наутро.

Морскиот дрон експлодирал сам од себе, но немало повредени, изјави за „HotNews“ Богдан Тома, портпарол на Одделот за вонредни ситуации (DSU).

Дронот, со зелена боја и опремен со антени, бил запрен со заштитни бариери против загадување поставени на водата.

Откриен е во рамките на Романската агенција за спасување на човечки животи на море (ARSVOM).

Текстот (Видео) Драма во Романија: експлодираше дрон на пристаништето, активиран е „црвениот план за интервенција“ е превземен од МАКФАКС.