Принцезата Лилибет, ќерката на Меган Маркл и принцот Хари, денеска го слави својот петти роденден. По тој повод, Војводката од Сасекс на својот Инстаграм профил сподели две нови фотографии од нејзината ќерка, на кои се гледа карактеристичната црвена коса што ја наследи од својот татко.
На едната од фотографиите Лилибет е во прегратките на принцот Хари, додека на втората боса шета низ дворот на нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.
Како што пренесува магазинот „Пипл“, повикувајќи се на блиски извори, семејството ги прославило родендените на своите две деца, седумгодишниот принц Арчи и принцезата Лилибет, со заеднички излет во Дизниленд, каде што им се придружила и мајката на Меган, Дорија Рагланд.
Откако во 2020 година се повлекоа од кралските должности и се преселија во САД, принцот Хари и Меган Маркл се трудат да ги одгледуваат своите деца подалеку од очите на јавноста. Сепак, преку својот личен профил на Инстаграм, кој го активираше во 2025 година, Меган повремено спделува моменти од семејниот живот во Калифорнија. Во претходно интервју за медиумите, таа истакна дека и покрај специфичните околности воо кои се наоѓаат, тие како родители се стремат да им овозможат нормален секојдневен живот на своите деца.
Текстот Меган Маркл објави фотографии од принцезата Лилибет за нејзиниот 5. роденден е превземен од МАКФАКС.





















