Дуа Липа се омажи за Калум Тарнер на интимна церемонија во Лондон, што всушност беше само претходница за голема прослава на Сицилија.

Пејачката Дуа Липа му рече „да“ на својот избраник, актерот Калум Тарнер, и како и обично, секогаш кога станува збор за неа, прашањето за модата е главна тема, што дури успеа да ја засени и самата свадба.

Судејќи според нејзините објави, се очекуваше Дуа да биде контроверзна и доста провокативна, но сепак, таа се одлучи за сосема спротивното. Можеби затоа нејзиниот моден избор беше главна тема на социјалните мрежи.

И додека сите претходни денови на мрежите коментираа за нејзиниот избор на венчаница, Дуа објави неколку фотографии од свадбата и им покажа на сите како изгледа барем дел од нивната организација.

Иако пејачката се одлучи за поминималистичка верзија, без бајковити решенија, коментарите ѝ кажуваа дека е совршена, оригинална и неверојатно среќна.

Дуа Липа и Калум Тарнер почнаа да се забавуваат во 2023 година, а само една година подоцна тој ѝ предложи брак. Поради нејзината голема турнеја, тие не сакаа да брзаат со плановите за свадба, па затоа сè се случува сега, три години подоцна.

Текстот (Фото) Дуа Липа објави фотографии од нејзината свадба е превземен од МАКФАКС.