Мајкл Џексон наводно ставал леплива лента на носот за да управува со медиумскиот наратив за својот изглед, тврди неговиот поранешен телохранител. Речиси 17 години по смртта на Кралот на попот, интересот на јавноста за неговиот живот, кариера и бројни контроверзии не стивнува, а дополнително го поттикнуваат неодамнешниот биографски филм „Мајкл“ (Michael) на режисерот Антоан Фукуа, како и новата тужба во која членовите на семејството Касио го обвинуваат пејачот за сексуално злоставување, пишува „LADbible“.

Мет Фидес, инструктор по боречки вештини кој работеше како личен телохранител на Џексон сè до неговата смрт во 2009 година, тврди дека пејачот бил мајстор за медиумска манипулација. Фидес раскажа дека Џексон се служел со интересни тактики за да го привлече вниманието на медиумите.

Поранешниот телохранител тврди: Сè беше наместено
Гостувајќи во подкастот „Elite“ на Ли Метјус, Фидес го изнесе своето објаснување за тоа зошто Џексон честопати бил фотографиран со маски за лице или со лента преку хируршки изменетиот нос. Според неговите зборови, сето тоа било дел од фино осмислениот јавен имиџ.

„Знаеше како да си поигра со медиумите и да остане во центарот на вниманието“, рече Фидес и додаде: „Лепливиот фластер и лентата на носот, шминката, шапката, маската и очилата за сонце…“ На прашањето на Метјус дали сето тоа било само претстава, Фидес одговори потврдно: „Сè беше наместено. Сакаше луѓето да мислат дека носот му паѓа. Се работеше за антиалергиска лента“.

Еден таков пример беше појавувањето на Џексон на суд во 2002 година со лента преку носот. Иако може да изгледа необично дека некој би сакал светот да мисли дека носот му се распаѓа, фактот што и со години по неговата смрт се дебатира за неговите естетски зафати оди во прилог на тврдењето на Фидес дека Џексон точно знаел како да го задржи вниманието на јавноста.

Фидес тврди дека Џексон точно знаел што прави
Ова не е првпат Фидес да зборува за медиумските тактики на Џексон. Во едно претходно интервју за „Метро“ (Metro), тој исто така го потврди трикот со лентата на носот. „Знаеше да манипулира со медиумите. Точно знаеше како да дојде до насловните страници. Штом ќе пристигнеше во некој град, веднаш организираше состанок“, изјави тој тогаш.

„Во 90 проценти од случаите тоа му успеваше, било да стави маска на лицето, фластер на рацете или лента на носот, што му беше најомилено. Велеше дека сака неговиот живот да биде најголемата мистерија на Земјата“, додаде Фидес.

Зошто Мајкл Џексон го менуваше изгледот?
Џексон во текот на животот призна две операции на носот. Првата уследи откако во 1979 година го скрши носот за време на танцова проба, што му предизвика потешкотии со дишењето. Во биографскиот филм од 2026 година се споменува дека Џексон отишол на операција на носот откако неговиот татко го нарекувал „голем нос“.

Пејачот исто така призна дека има вградено имплант во брадата, додека промената на бојата на неговата кожа беше последица на витилиго – автоимуна состојба која предизвикува губење на пигментот.

Фото: Depositphotos

Текстот Поранешниот телохранител oткри зошто Мајкл Џексон ставал леплива лента на носот е превземен од МАКФАКС.