По кариера долга седум децении, во текот на која сними повеќе од 70 филмови, Клинт Иствуд се повлече од филмската индустрија.
Четирикратниот оскаровец, актер и режисер, кој на 31 мај наполни 95 години, се прослави во 1960-тите со телевизиската серија Rawhide, а потоа со улогата во „шпагети-вестерн“ трилогијата на Серџо Леоне, позната како „доларската трилогија“, во која се наоѓа и култниот филм „Добриот, лошиот и грдиот“.
Иствуд стана еден од најуспешните актери кои изградиле и значајна режисерска кариера, работејќи во различни жанрови.
Познат е по дисциплина и ефикасност на сет, често завршувајќи снимања пред рок и во рамки на буџетот. Последен пат се појави пред камера во 2021 година во филмот Cry Macho, кој и го режираше, додека неговиот последен режисерски проект беше судската драма Juror No. 2 (2024).
Неговиот син Кајл потврди дека Иствуд повеќе нема да се враќа на филмската работа, наведувајќи дека е во пензија и има 95 години.
Колешката Лора Лини го опиша неговиот смирен начин на работа и фактот дека ретко викал на сет, што потекнува од времето кога работел со коњи во вестерни.
Во текот на кариерата, Иствуд режираше петмина глумци кои добија Оскар за своите улоги, меѓу кои Џин Хекман, Шон Пен, Тим Робинс, Хилари Свонк и Морган Фримен.
Текстот Една од најголемите холивудски легенди повеќе нема да снима филмови е превземен од МАКФАКС.





















