Микробиологот Никола Пановски изјави дека според него физичката дистанца треба да биде повеќе од 2 метра и подвлече дека од здравствен аспект би ги затворил рестораните, а за казината и обложувалниците не би размислувал ни две минути.
Во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Пановски истакна дека според него новото зголемување на бројката на заразени се должи на британскиот сој кој полесно се шири, а исто така и поради фактот дека секогаш кога бројките паѓаат, народот се опушта.