Денес во главниот град на Либан владееја сцени на хаос. Километарски редици и сообраќајни метежи се формираа на патиштата, бидејќи жителите паничеа и се обидуваа да ги напуштат јужните предградија на Бејрут пред израелската армија да ги започне најавените воздушни напади.
Речиси идентични сцени беа видени во градот на почетокот на март, кога Израел ја започна својата последна офанзива против Хезболах. Да потсетиме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги нареди нападите врз Бејрут, прогласувајќи ги за „одговор на повторените и континуирани прекршувања на прекинот на огнот во Либан од страна на терористичката организација Хезболах“.
بدأ عدد من سكان #الضاحية_الجنوبية لبيروت بمغادرة المنطقة بشكل احترازي، عقب إعطاء نتنياهو أوامر للجيش الإسرائيلي بقصف الضاحية الجنوبية.#ييروت_تايم pic.twitter.com/KYrAQvFQYu
— Beirut Time (@beiruttime_leb) June 1, 2026
И покрај формално прогласениот прекин на огнот, Израел значително ја прошири својата воена офанзива во земјата во последните денови, а серија нови наредби за евакуација издадени од неговата армија сега опфаќаат околу 15 проценти од територијата на целиот Либан.
Текстот (Видео) Хаос на патиштата во Бејрут, луѓето бегаат по наредбата на Нетанјаху до војската е превземен од МАКФАКС.





















