Пејачката Дуа Липа и холивудскиот актер Калум Тарнер се венчаа вчера на интимна церемонија во Лондон, во присуство на нивните најблиски пријатели и членови на семејството.
Според „Дејли Меил“, двојката го кажала своето судбоносно „да“ во градското собрание на Олд Мерилебон на легална церемонија што претходи на раскошна повеќедневна прослава што ја планираат во Сицилија.
29-годишната пејачка се појави во бел костим со шапка и ракавици, држејќи го за рака нејзиниот сопруг Калум (35), кој носеше темно одело и вратоврска. На скалите од градското собрание ги пречекаа осум пријатели и членови на семејството.
Скромната лондонска церемонија беше само формалност пред главниот настан – раскошна прослава на италијанскиот остров што започнува во четврток и се очекува да собере голем број познати гости. Според извештаите, меѓу гостите се очекува да бидат музичарите Чарли Екс-Си-Екс и Тове Ло, а се шпекулира дека би можел да настапи и Сер Елтон Џон, со кого Дуа го сними хитот „Cold Heart“ во 2021 година.
Калум, кој често се споменува во медиумите како можен кандидат за улогата на Џејмс Бонд, ѝ предложи брак на пејачката во декември 2024 година, по околу една година врска. Тие ја потврди својата свршувачка во интервју за британскиот „Вог“ во јуни 2025 година, за време на турнејата „Радикален оптимизам“.
Пејачката откри дека Калум имал свршенички прстен направен специјално за неа, со помош на нејзината сестра Рина и блиски пријатели.
фото/Depositphotos
Текстот (Фото) Дуа Липа се омажи, носеше класичен бел костим со голем шешир е превземен од МАКФАКС.






















