Со одлука на Регулаторната комисија од ноќеска малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 денар/литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)
45,00 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,50 денар/литар и ќе изнесува 67,50 ден/литар.
– Advertisement –