Иран денеска соопшти дека сè уште не е постигнат договор со Соединетите Американски Држави за прекин на војната, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека наскоро ќе донесе конечна одлука.
„Разговорите продолжуваат, но сè уште не е постигнат конечен договор“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Багаи, според државните медиуми.
Американскиот претседател објави дека се подготвува да донесе „конечна одлука“ за евентуален договор, но ирански извори ги негираа неговите тврдења за новинската агенција „Фарс“ за две клучни точки: повторното отворање на Ормутскиот теснец и нуклеарната програма на Иран.
„Сега ќе одржам состанок во собата за ситуации за да донесам конечна одлука“, објави Трамп претходно денеска на платформата Truth Social.
Трамп рече дека потенцијалниот договор би вклучувал согласност на Иран да не развива нуклеарно оружје, отворање на Ормутскиот теснец, отстранување на сите морски мини, укинување на блокадата на САД врз иранските пристаништа и отстранување и уништување на залихите на збогатен ураниум на Иран од страна на САД.
фото/Depositphotos
Текстот Иран: Сè уште немаме договор со САД е превземен од МАКФАКС.






















