Парламентот на Исланд гласаше за одржување референдум на 29 август за почеток на преговорите за пристапување во ЕУ, поддржувајќи го двостепениот план на владата што би можел да доведе до членство во блокот од 27 земји подоцна оваа деценија.
Рејкјавик ги напушти преговорите во 2013 година по четири години разговори кога евроскептична влада ја презеде власта, но растечките трошоци за живот и војната во Украина оттогаш го разгореа интересот за пристапување во Унијата, покажаа анкетите на јавното мислење.
Доколку гласачите го поддржат продолжувањето на разговорите, конечните услови за членство ќе бараат одобрување на втор референдум, додека гласањето „против“ би ги прекинало обидите за рестартирање на преговорите, соопшти владата.
Членството за земјата со околу 400.000 луѓе би го проширило досегот на ЕУ далеку во Северниот Атлантик, во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да го контролира Гренланд.
„Иако е многу мала земја, ставањето на Исланд на картата на Европската Унија би имало еден вид симболична предност“, рече рече Олафур Тордур Хардарсон, професор по политички науки на Универзитетот во Исланд.
Во Националниот парламент на Исланд, кој брои 63 члена, 34 членови гласаа за референдумот, додека 8 го отфрлија. Имаше 14 воздржани и седум отсутни.
Министерката за надворешни работи, Катрин Гунарсдотир, во март за „Ројтерс“ изјави дека е оптимистка дека Исланд би можела да се приклучи на ЕУ веќе во 2028 година и дека очекува рибарството и земјоделството да бидат најтешките точки во преговорите.
Текстот Исланд во август ќе одржи референдум за пристапување во ЕУ е превземен од МАКФАКС.






















