Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе ја повлече својата партија Фидес од Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент доколку конзервативниот блок ги одобри новите внатрешни правила оваа недела.

Орбан го постави ултиматумот во писмо до Манфред Вебер, германскиот политичар кој го предводи конзервативниот блок ЕПП, најголемата фракција во Европскиот парламент.

Парламентарната група на ЕПП, во која членуваат конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел, веќе со години се бори со Фидес кој е суспендиран од ЕПП од 2018 година, но сепак има 11 пратеници во групата на ЕПП во Европскиот парламент.

ЕПП предложи измени со кои ќе се овозможи суспендирање или исклучување на групата Фидес од блокот ЕПП. Правилата се очекува да бидат одобрени со мнозинство гласови на 3 март. Во писмото до Вебер, Орбан напиша: „Ако Фидес не е добредојден, тогаш не се чувствуваме должни да останеме во групата“.