Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, Општина Чаир во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ реализира проширена акција за чистење и одржување на јавните површини во различни населби на општината.

„Населба по населба и улица по улица, сезонските работници на општината заедно со теренските екипи се ангажирани во чистење на улиците, тротоарите и јавните простори, со цел создавање почиста и поуредена средина за граѓаните за време на празникот.

Во текот на денот беа реализирани и активности за чистење и уредување на дворовите на џамиите на територијата на општината, додека акцијата ќе продолжи и во текот на ноќните часови, согласно потребите на терен“, велат од општината.

Општина Чаир апелира за зачувување на чистотата и заедничка грижа за јавните површини, со цел празникот да се дочека во достоинствена и уредена средина за сите граѓани.

Текстот Чаир со проширена акција за чистење во пресрет на Курбан Бајрам е превземен од МАКФАКС.