Општина Ѓорче Петров започна со реализација на пилот-проект за селекција на отпад, со цел подигнување на еколошката свест и унапредување на одржливото управување со отпадот на локално ниво.
Во рамки на проектот, а во соработка со Центарот за климатски промени – Гевгелија и АлпакЕко, се доделуваат канти за селекција на отпад од ПЕТ (пластична) амбалажа на вкупно 60 домаќинства на територија на општината.
„Проектот претставува почетна фаза од поширока иницијатива која има за цел постепено проширување на системот за селекција на отпад низ целата општина, со активно вклучување на граѓаните во процесите за заштита на животната средина. Донацијата е обезбедена од Центарот за климатски промени, во рамки на проектот „Младите и жените – двигатели на транзицијата кон одржливо управување со отпадот во руралните средини (WeLeadRural)“, како дел од програмата BOOST Balkans, поддржана од ALDA – European Association for Local Democracy, ALDA Balkans, преку AFD – Agence Française de Développement“, соопшти Општина Ѓорче Петров.
Текстот Општина Ѓорче Петров почна пилот-проект за селекција на отпад е превземен од МАКФАКС.























