Финската виолинистка, Линда Лампениус, добила ретка можност и специјално одобрување во финалето на овогодинешната Евровизија 2026 во Виена да свири во живо. Со ова, по речиси три децении, е направен исклучок од строгото правило на Евровизија според кое инструменталната придружба на сцена мора да биде однапред снимена.

Таа и пејачот Пет Парконен ја претставуваат Финска со песната „Лиекинхеитин“, која се смета за еден од фаворитите.



Организаторите ѝ дозволиле исклучок поради значењето на виолината во настапот. Линда изјавила дека виолината е нејзиниот глас во песната и дека конечно ќе може да „пее“ на сцена.

Инаку, правилото за забрана на свирење во живо постои поради брзите смени меѓу настапите и намалување на технички ризици. Вокалите сепак мора да бидат изведени во живо.

Пред оваа одлука, последниот настап со вистински инструменти во живо бил во 1998 година. Во Бирмингем, претставникот на Македонија, Владо Јаневски, ја изведе песната „Не зори, зори“ во придружба на вистински оркестар. Тој настапи последен таа вечер со оркетар. Нгеовиот настап всушност има два историски моменти. Интересно да се напомене е и дека Јаневски беше првиот евровизиски претставник на Македонија.

Текстот (Видео) Поради натрпеварувачката од Финска, прекршено евровизиско правило кое важи веќе 28 години е превземен од МАКФАКС.