Иранскиот министер за надворешни работи, Арагчи, во изјава за агенцијата ИРНА, порача дека Иран не се плаши од американските и израелските закани бидејќи за нив не постои воено решение. Тој нагласи дека „другата страна“ мора да бара решенија надвор од воената арена, бидејќи Иран нема да се покори.
Истовремено, Доналд Трамп изјави за „Фокс њуз“ дека за време на средбата во Пекинг, кинескиот претседател, Ши Џинпинг, го уверил дека Кина нема да му испорачува воена опрема на Иран.
Според Трамп, Ши истакнал дека Кина сака Ормускиот теснец да остане отворен поради увозот на нафта и понудил помош за постигнување договор.
Кинеското Министерство за надворешни работи во официјалното соопштение не ги потврди конкретно овие тврдења, наведувајќи само дека се разговарало за „клучни меѓународни прашања“, вклучувајќи го и Блискиот Исток.
Текстот Иран: Навикнати сме на американски и израелски закани, нема да се покориме е превземен од МАКФАКС.























