Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров.
Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје.
Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.
Текстот Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка е превземен од МАКФАКС.























