Соединетите Американски Држави се обидуваат со санкции да ги истиснат руските компании „Лукоил“ и „Роснефт“ од меѓународниот бизнис, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Во интервју за „RT India“, Лавров, одговарајќи на прашање за американските санкции против овие компании, рече дека целта на Вашингтон „не е скриена“.

„Ги споменавте „Лукоил“ и „Роснефт“, а целта е – и ова не е скриено – да се отстранат овие компании од целиот меѓународен бизнис“, рече Лавров.

Тој додаде дека руските компании се обидуваат да се истиснат од пазарот во Африка, како и од Балканскиот Полуостров, пренесува Спутник. На крајот на октомври минатата година, САД воведоа санкции против двете водечки руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукои“, како и нивните структури.

Текстот Лавров: Америка се обидува да ги истисне руските компании од Балканот е превземен од МАКФАКС.