Финските претставници на овогодинешната Евровизија, виолинистката Линда Лампениус и пејачот Пит Паркконен, се огласија на Инстаграм откако стигнаа до финалето на натпреварувањето што се одржа вчера вечер во Виена.

„Ви благодарам многу! Се гледаме во финалето во сабота“, напишаа тие кратко.

Линда и Пит со песната Liekinheitin, што во превод значи „Фрлач на пламен“, се овогодишни фаворити на Евровизија. Тие се на првото место кај обложувалниците и им даваат 37% шанса за победа.

Покрај самата песна, и настапот на финскиот дуо привлече големо внимание. На сцената, тие комбинираат драматично осветлување, рок енергија и виолина свирена во живо од Линда Лампениус, што е историски исклучок на Евровизија бидејќи инструментите во живо генерално не се дозволени од 1998 година.

Критичарите особено ја пофалија комбинацијата од моќниот вокал на Пит Паркконен и театарската изведба што многумина ја опишуваат како „епска“ и „кинематска“. Песната стана огромен хит во Финска веднаш по нејзиното објавување и достигна до број еден на националните листи. Таа опишува турбулентна, деструктивна, но во исто време неодолива љубовна врска.

Линда Лампениус е меѓународно призната финска виолинистка и еден од најпознатите музичари од таа земја. Во текот на нејзината кариера, таа настапувала низ целиот свет, а публиката ја памети и по нејзините минати телевизиски настапи и соработки надвор од класичната музика.

Пит Паркконен е фински пејач и текстописец познат по рок и поп песни, а ова е негово прво појавување на Евровизија.

фото/ЕПА

Текстот (Видео) Овогодишните фаворити на Евровизија се огласија со кратка порака откако стигнаа до финалето е превземен од МАКФАКС.