Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов случаj на ковид-19. Регистрирани се 171 оздравени пациенти. Пријавени се вкупно 7 починати лиц, сите во болнички услови. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 102.482, бројката на оздравени пациенти е 91.066, на починати е 3.126, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.