Актерката Рејчел Зеглер, ѕвездата од „Снежана“ на Дизни, привлече големо внимание по овогодинешната Мет Гала, но не поради нејзината модна комбинација, туку поради нејзините необични движења на вилицата на црвениот тепих. Видео од актерката како позира стана вирално и предизвика лавина од исмејувачки коментари на социјалните мрежи.

Додека позира пред блицовите на фотографите на гламурозен настан во Њујорк, Зеглер беше снимена како прави серија остри и изразени движења со долната вилица. Клипот брзо се прошири на интернет, а корисниците почнаа да го анализираат и исмејуваат нејзиното однесување. Многумина се прашуваа дали станува збор за нервоза, нова техника на позирање или нешто друго.

Корисниците на социјалните медиуми не ја поштедија Зеглер. „Што прави со вилицата?“, „Ова е толку чудно за гледање“, „Дали е ова некоја нова вежба за лице?“, се само неколку од илјадниците коментари.

Некои на шега ги споредија нејзините движења со популарниот интернет тренд познат како „мјаукање“, кој наводно служи за дефинирање на виличната линија. Други создадоа мемиња, споредувајќи ја со разни анимирани ликови, а некои дури и споменаа употреба на дрога.

Ова не е прв пат Рејчел Зеглер да се најде во центарот на вниманието. Нејзината улога во „Снежана“ претходно предизвика бројни дискусии и поделени мислења. Актерката се појави на Мет Гала во согласност со темата, но нејзиниот изглед падна во втор план поради неочекуван вирален момент.

 

фото/ЕПА

Текстот (Видео) Рејчел Зеглер исмејувана поради чудните движења на вилицата на црвениот тепих е превземен од МАКФАКС.