ВЛЕН е во завршна фаза на обединување во единствен политички субјект, со што дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантна сила на политичката сцена во Северна Македонија, соопштија од коалицијата.
„Со тоа, и официјално се потврдува како втора политичка сила во државата. Владата има стабилно и значително мнозинство, со тенденција дополнително да се окрупнува. И резултатите од неодамнешните локални избори јасно го покажуваат тоа ВЛЕН освои 10 општини, односно околу 80% од општините со доминантно албанско население“, се наведува во соопштението.
Според ВЛЕН, тоа е јасна и недвосмислена потврда каде е довербата на граѓаните.
„Сметаме дека главниот фокус треба да биде испорака на политики што ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните и ќе ги зајакнат сервисните функции на извршната власт“, велат од ВЛЕН.
Текстот ВЛЕН: Во завршна фаза е обединувањето во единствен политички субјект е превземен од МАКФАКС.























