Хрватска ги потврди првите два случаи во земјата на јужноафрикански сој на коронавирусот.

Епидемиологот Горанка Петровиќ за Н1 изјавила дека е регистриран пораст на бројот на заразени со британскиот сој на Ковид-19.

-Вчера ги добивме резултатите на примероците кои ги пративме во Европскиот центар за контрола на болести. Од 300 примероци со пристигнати резултати, 60 биле позитивни на британскиот сој што е 20 проценти позитивни примероци. Исто така потврдена е јужноафриканската мутација кај две лица кои се вратиле од Занзибар, изјавила Петровиќ.