Повторно се отстранети лентите со боите на бугарското знаме од венците поставени од бугарската делегација пред саркофагот на великанот Гоце Делчев, јавува Трибуна.
На 4 мај амбасадорот на Р. Бугарија во Северна Македонија, Желјазко Радуков, заедно со бугарски дипломати и претставници на бугарската заедница во земјата, традиционално се поклонија пред тлените останки на Делчев, во црквата „Свети Спас“, по повод 123-тата годишнина од смртта на големиот револуционер.
На 5-ти мај, лентите со боите на бугарското знаме веќе ги нема. Од фотографијата станува јас дека станува збор за селективно отстранување на ленти од венците, поставени во чест на Гоце Делчев.

Потсетуваме дека вчера амбасадорот Радуков зборуваше токму за тоа, а имено, како би погледнал Гоце Делчев на луѓето кои ги отстрануваат бугарските ленти поставени на венците пред неговиот саркофаг.
„И оваа година му оддаваме почит на големиот револуционер и се сетив на оваа мисла, за тоа дека тој го разбирал светот „како поле за културен натпревар меѓу народите“. Ние го немаме првоизворот на оваа мисла. Таа не се содржи ниту во писмата на Гоце Делчев, ниту во документите на ВМРО од тој период, но е разработена од неговите современици. Таа е спомната од Пејо Јаворов – големиот бугарски поет и најблизок пријател на Гоце Делчев. Таа е опишана од Христо Силјанов – големиот бугарски револуционер и историчар. Подоцна е пренесена од големиот бугарски писател од Прилеп, Димитар Талев. Ова е мисла што го олицетворува сознанието на Георги Делчев, кое е европско, кое е инклузивно, кое не е шовинистичко. Се сетив на оваа мисла, затоа што секоја година, откако ќе ги положиме нашите венци тука, еден час подоцна триколорите се кинат и се отстрануваат и бугарскиот национален симбол го нема. И си дадов сметка за овие т.н. „заштитници на споменот на Гоце Делчев“, кои ги кинат лентите со бугарското знаме, дали и тие го разбираат светот како поле за културен натпревар меѓу народите? И како би гледал на нивните постапки големиот револуционер? Поклон пред споменот на човек кој бил далеку пред своето време и како човек, и како Европеец“, изјави Радуков на 4 мај пред саркофагот на Гоце Делчев.
За жал, повторно стануваме сведоци на невоспитан и некоректен однос на одредени лица кон почитта на ликот и делото на Георги Николов Делчев – деец на македоно- одринското ослободително движење и најголемата личност од општата историја на Бугарија и Северна Македонија.























