Хју Џекмен се најде на мета на критики откако на овогодинешната „Мет Гала“ се појави со својата нова девојка, актерката Сатон Фостер. Нивното пристигнување во Метрополитен музејот на уметноста во понеделникот вечерта, при кое позираа држејќи се за раце, многумина го протолкуваа како нечувствителен потег кон неговата поранешна сопруга, Дебора-Ли Фернес, пишува „Дејли мејл“.
На социјалните мрежи брзо се појавија критики, а дел од корисниците потегот на Џекмен го опишаа како „непочитување“ и недостаток на „класа“.
„Не поддржувам! Засекогаш сме во тимот на Деби!!“, напиша еден корисник.
„Кутра Дебора“, додаде друг, додека трет кратко порача: „Не сум воодушевен.“
Меѓу коментарите имаше и пораки како: „Го изгуби моето големо почитување“ и „Да, ова е бедно.“
Џекмен во јуни минатата година официјално го финализираше разводот од Дебора-Ли Фернес, со која беше во брак 27 години. Неговата врска со Сатон Фостер започнала кон крајот на 2024 година, откако двајцата во 2021 година заедно глумеа во бродвејската претстава The Music Man.
Џекмен (57) и неговата поранешна сопруга (70) со години беа редовни гости на Мет Гала, а последен пат таму заедно се појавија во 2023 година. Следната година актерот дојде сам, додека ланската Мет Гала ја прескокна среде медиумски пропратениот развод.
За враќањето на Мет Гала во 2026 година, Џекмен го избра друштвото на Сатон Фостер (51), со која се искачи по славните скали на Метрополитен музејот на уметноста. Парот делуваше вљубено, а за време на позирањето на црвениот тепих често разменуваа нежни погледи.
Џекмен носеше црн смокинг со стилизирано кадифено сако и елегантни чевли. Беше свежо избричен, а кратката кафеава коса ја имаше зачешлана со гел. Сатон Фостер блесна во светкава златна тоалета на едно рамо, комбинирана со чантичка украсена со скапоцени камења.
Нивното прво заедничко појавување на Мет Гала дојде во момент кога сѐ погласно се шпекулира за можна свадба. Списанието „Глоуб“ во февруари објави дека Џекмен наводно ја одбил идејата за потпишување предбрачен договор со бродвејската ѕвезда.
Наводните планови за свадба доаѓаат помалку од една година по финализирањето на, како што беше опишуван, тежок развод меѓу Хју и Дебора-Ли. Поранешниот пар, кој се раздели во 2023 година, има две возрасни деца – 25-годишниот син Оскар и 20-годишната ќерка Ава.
Текстот Хју Џекмен на удар по појавувањето со новата девојка на Мет Гала е превземен од МАКФАКС.























