Актерката Оливија Вајлд се смета за една од најубавите дами во Холивуд, но дури ни таа не е поштедена од негативни коментари. Неодамна, Оливија беше мета на навреди поради нејзиното лице.
Некои дури отидоа дотаму и се посомневаа дека е болна, па актерката почувствува потреба самата да проговори за тоа. Последната капка ја прелеа чашата кога ја споредија со Голум од култниот филм „Господар на прстените“.
„Само помал брат може да ти се потсмева вака“, напиша Оливија, додека во видеото може да се слушне гласот на нејзиниот брат како ја прашува да коментира за гласините дека изгледа како „труп што се движи“.
„Види, тоа е објектив со рибино око. Не е мојот најдобар агол. Признавам дека сликата е зачудувачка. Немаше потреба да бидам толку блиску до камерата“, рече Оливија.
„Не сум мртва“, рече таа за крај, очигледно не ги земајќи при срце сите претходни коментари со кои беше обсипана на социјалните мрежи.
Текстот (Видео) Ѝ рекоа дека изгледа како „труп што се движи“, сега „поранешната убавица“ проговори е превземен од МАКФАКС.























