Јужна Кореја денес објави дека истражува разузнавачки информации дека брод под знамето на Јужна Кореја бил нападнат во Ормускиот теснец.
Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изјави дека, според прелиминарните информации, нема извештаи за жртви во можниот напад, пренесува „Jonhap“.
Според првичните информации, можен е напад врз јужнокорејски товарен брод закотвен во Ормускиот теснец, што предизвика експлозија, објави Министерството за океани и рибарство на Јужна Кореја.
Товарниот брод „ХММ Наму“ беше погоден околу 13:40 часот, соопшти министерството, пренесуваат светските медиуми.
Инцидентот следеше по претходните извештаи од ОАЕ дека танкер поврзан со државната нафтена компанија „Аднок“ бил погоден во Ормускиот теснец претходно во текот на денот.
Иран: Пукавме во американски разорувач
Иранските државни медиуми претходно објавија дека војската соборила американски разорувач кој се обидувал да влезе во Ормускиот теснец, тврдење што САД оттогаш го негираат.
Во ново соопштение од иранската војска се вели дека иранската морнарица „издала предупредување и испукала предупредувачки истрели по рутата на непријателските разорувачи“.
Според иранската страна, американските разорувачи ги исклучиле радарите пред да се приближат кон теснецот и биле „веднаш откриени“ откако повторно ги вклучиле.
Потоа, наводно, иранската морнарица ги предупредила разорувачите преку радио „за опасностите од кршење на прекинот на огнот“.
Војската, исто така, тврди дека бил испратен уште еден „експлицитен предупредувачки сигнал“, заедно со пораката дека „секој обид за влегување во Ормускиот теснец ќе се смета за кршење на прекинот на огнот и ќе биде пресретнат со одговор од поморските сили“.
Додадено е дека биле испукани предупредувачки истрели откако американските сили „ги игнорирале“ предупредувањата.
Текстот Јужнокорејски брод нападнат во Ормускиот теснец; Иран: Пукавме кон американски разорувач е превземен од МАКФАКС.























