Во мај 2019 година, Енди Бренан стана првиот австралиски фудбалер кој признал дека е хомосексуалец.
27-годишникот се реши на овој потег да си го олесни животот и во интервју за „Спортбјбл“ тврди дека тоа е најдобрата одлука во неговиот живот.
“Ми требаа години да се чувствувам нормално да ги кажувам зборовите дека сум геј. Не можев повеќе да го задржам тоа во себе, се борев со себе, но на крајот се покажа дека тоа е најдобрата одлука во мојот живот”, рече Бренан .
“Некои луѓе мислат дека не можете да бидете професионален фудбалер и да бидете хомосексуалец. Јас сум жив доказ дека можете да го направите тоа”, рече Бренан.
Овој фудбалер во моментов го носи дресот на Саут Хобарт, а од попознатите клубови две сезони играше за Њкасл Џетс.