Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа кои инвестиции Владата ги планира во железничката инфраструктура и какви се очекувања, изјави:

„Продолжуваме со реализација на проектот Брза пруга Коридор 10, физибилити студијата е веќе при крај. Студијата за влијание врз животната средина е исто така при крај. Има, се разбира, законско времетраење коешто е определено од 270 дена. Очекувам дека некаде летово, јуни, јули комплетно ќе ги затвориме тие прашања, затоа што потребана е и ревизија на тие студии. И откако сето тоа ќе биде завршено, ќе влеземе во процес на потпишување договор за потенцијален финансиер на тој проект. Иако веќе Министерството за финансии уште во минатото, објави и меѓународен повик. Имаме не обврзувачки индикативна понуда, од потенцијален најдобар понудувач, треба се разбира, да ги потврдат условите што тогаш ги дадоа. И ако биде сѐ како што треба, очекувам веќе почетокот на следната година да отпочне реализацијата на овој проект.

Исто така и Коридорот 8 продолжува да се реализира. Во тек е секција од делницата Куманово – Граничен премин Бугарија. Се проби последниот тунел од втората секција, првата до Бељаковце е веќе пуштена. И се разбира веќе преговараме со Европската комисија и парите се веќе обезбедени во рамките на „Планот за раст“, за модернизација на пругата од Скопје до Кичево, односно нејзина електрификација и промена на шините.

Така што со несмалена динамика се реализира овој проект. Јас очекувам комплетно да биде заокружен од Кичево, практично до граница со Бугарија, најдоцна до 2029-2030 година.“

Текстот Мицкоски со рокови за железничките мегапроекти: Брзата пруга на Коридор 10 стартува догодина, Коридор 8 да заврши до 2030 е превземен од МАКФАКС.