Дејв Паско, 63-годишен поранешен архитект и инженер, стана едно од најпознатите имиња во светот на биохакирањето откако тврди дека неговата биолошка возраст е само 37,95 години.
Паско, кој се најде меѓу водечките на листата „Rejuvenation Olympics“ – натпревар за луѓе што најбавно стареат – вели дека успеал значително да го успори стареењето без да троши милиони, како некои други познати биохакери.
Неговата стратегија се базира на строга дневна рутина која вклучува интензивно вежбање, прецизна исхрана, следење на сонот и голем број суплементи.
Секој ден вежба за да ја подобри регулацијата на шеќерот и инсулинот и да помогне во елиминација на клеточен отпад. Неговата рутина вклучува кардио на мини-трамболина, истегнување, масажа со валјак, велосипедски спринтови, трчање и тренинг за сила.
Во исхраната строго избегнува рафиниран шеќер, преработена храна и транс-масти, а се фокусира на органска и интегрална храна богата со антиоксиданси.
Неговото дневно мени вклучува зелени смутиња со спанаќ, кељ и авокадо, протеински извори како јајца, овошје и зеленчук за ручек, а навечер немасно месо или риба со големи количини зелен лиснат зеленчук и интегрални житарки.
Паско секојдневно зема повеќе од 120 суплементи, меѓу кои аминокиселини и додатоци богати со витамини и антиоксиданси.
Дополнително, големо внимание посветува и на спиењето – цели кон осум часа квалитетен сон, користи биометриски уреди за следење на спиењето, очила против сина светлина и разни терапии за релаксација.
Во својата рутина вклучува и инфрацрвена сауна, хипербарична кислородна терапија и други методи за побрз опоравок и намалување воспаленија.
Паско вели дека неговиот пример покажува дека со дисциплина, знаење и научен пристап, секој може значително да го подобри здравјето и да го забави процесот на стареење.
Текстот Има 63 години, а тврди дека неговото тело е старо 38 – позната неговата рутина против стареењето е превземен од МАКФАКС.























