Холивудската актерка Шерон Стоун сподели фотографија во бикини додека ужива покрај базен, покажувајќи како го минува слободното време во пресрет на летото.

68-годишната ѕвезда позираше во дводелен костим за капење со дезен, а објавата ја придружи со пораката: „Летото е пред врата!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Нејзините следбеници ја преплавија со комплименти за изгледот, нарекувајќи ја „прекрасна“ и „совршена“.

Стоун неодамна зборуваше и за критиките за нејзиниот изглед и стареењето, порачувајќи дека жените се многу повеќе од својот физички изглед.

Текстот „Летото е пред врата“: 68-годишната Шерон Стоун позираше во бикини и собра комплименти за изгледот е превземен од МАКФАКС.