Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, упати честитка до граѓаните по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, нагласувајќи дека почитувањето на работничките права и вистинското вреднување на трудот се темел на просперитетно и праведно општество.
„Денешниот празник треба да биде потсетник дека борбата за работничките права мора да биде секојдневна заложба. Како социјалдемократ и некој што искрено верува во социјалдемократските вредности, цврсто стојам на ставот дека економскиот напредок мора да оди рака под рака со социјалната правда. Секој работник треба да се чувствува безбедно и заштитено на своето работно место, да има достоинствени услови за работа, а неговиот труд да биде соодветно вреднуван“, порача Герасимовски.
„Во Општина Центар остануваме посветени на политиките што го мотивираат и поддржуваат работникот, бидејќи луѓето се нашиот најголем капитал“, додаде градоначалникот.
Текстот Герасимовски: Работничките права и почитта кон трудот се основа на праведно општество е превземен од МАКФАКС.























