Џорџ Клуни следниот месец полни 65 години и, се чини, влегува во фаза од својот живот во која филмските сетови повеќе не му се единствен приоритет. Актерот откри дека сака да забави и да се посвети повеќе на филантропска работа, имено хуманитарни и општествено корисни проекти насочени кон помагање на другите, особено на оние што ги води со сопругата Амал Клуни, пишува Page Six.

Во понеделникот, на 51-та гала по повод доделувањето на наградите Чаплин во Линколн Центарот, Клуни рече дека во иднина ќе се фокусира повеќе на работата на Фондацијата Клуни за правда, која ја основал со Амал.

Фондацијата е посветена на борбата за правда и заштитата на човековите права, а актерот сака да посвети повеќе време на соработка со Ројал Филмско и Телевизиско училиште во Лос Анџелес. Ова е училиште кое сака да отвори подостапен и поинклузивен пат кон кариера во филмската и телевизиската индустрија за млади луѓе од недоволно застапените групи.

„Ќе правам работи што ме исполнуваат повеќе затоа што повеќе не бркам кариера“, рече Клуни. „Всушност, тоа е добра работа затоа што добивате повеќе време за она што е важно за вас… и токму на тоа сум фокусиран во моментов.“

Сепак, ова не значи дека актерот се збогува со Холивуд. Ако се појави улога што го интересира доволно, вели тој, со задоволство ќе ја прифати. „Знаете, ако се појави добра улога, ќе ја прифатам“, рече тој.

 

фото/Depositphotos

Текстот Џорџ Клуни открива нови планови пред 65-тиот роденден: „Веќе не бркам кариера“ е превземен од МАКФАКС.