Обвинителката во предметот „Таргет – Тврдина“ Ленче Ристоска изјави дека е задоволна од пресудата за Сашо Мијалков. Таа додава дека побарале притвор затоа што постои опасност од негово бегство.
„Во целина задоволни сме од пресудата затоа што се повтрдија сите наводи од обвинителството. Во однос на притворот, сметавме дека постојат основи за притвор, бидејќи постојат опасност за бегство, а денеска елабориравме дека имаше и други најави дека може за бегство, дозвола за престој во друга држава, мерката куќен притвор не може да се спроведе, и сето тоа доводено во корелација. Кај нас го реафирмираа ставот дека постојат оконости за притвор“, рече Ристоска.