Маршот за пресудите на случајот „Монструм“ е запрен на Бит Пазар од страна на полицијата. Има големо присуство на полиција, која не им дозволува да поминат код Кривичен суд, а потоа и пред Владата како што планираа да протестираат. Организаторите на протестот побараа од полицијата да им дозволи да го продолжат протестот, со ветување дека е мирен протест за изразување на незадоволството. Сепак, полицијата одби такво нешто.