Полицијата уапси возач на автобус кој вршел превоз на патници без да има возачка дозвола.
Според информациите на МВР, денеска на улица „Панајот Гиновски“ во Ѓорче Петров во Скопје од страна на полициски службеници, уапсен е возач на автобус марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола.
Против возачот З.С. (54) од Скопје и сопственикот на возилото, правен субјект од Скопје се преземени соодветни мерки и ќе се соочат со законски предвидената санкција.
МВР соопшти дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.
Текстот Уапсен возач во Ѓорче Петров, возел автобус за јавен превоз без возачка дозвола е превземен од МАКФАКС.























