ВЛЕН ја отфрли денешната иницијатива на ДУИ за собирање потписи за уставни измени, оценувајќи дека станува збор за „несериозна и самосаботирачка“ постапка која, според коалицијата, повеќе наликува на пародија отколку на сериозна политичка иницијатива.

Во реакцијата, ВЛЕН наведе дека ДУИ „ја навредува ЕУ и Албанците“ кога Блерим Беџети зборува за европски вредности, обвинувајќи го за политики спротивни на европските принципи во периодот кога извршувал јавни функции.

Од коалицијата посочуваат дека Беџети ќе остане запаметен по, како што наведуваат, политизација на судството, спорни изјави и скандали од неговото политичко делување.

„ВЛЕН нема намера да стане дел од оваа пародија. Европската интеграција бара сериозен и искрен пристап“, соопштија од коалицијата.

Оттаму додаваат дека Владата е фокусирана на спроведување на Реформската агенда, за која тврдат дека се реализира успешно и добива признание од Брисел.

Текстот ВЛЕН: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија, не сериозна политика е превземен од МАКФАКС.