Дел од жителите на општина Карпош утре (28 април) ќе останат без вода поради реконструкција на водоводна мрежа на крстосницата меѓу улиците Париска и Хелсинки, соопшти РЦУК – Скопје.

Според информацијата, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците на дел од улиците Париска, Варшавска и Хелсинки, како и гимназијата Георги Димитров.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.

Текстот Утре без вода делови од Карпош поради реконструкција на водоводната мрежа е превземен од МАКФАКС.