Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи разговарал со високи претставници на Пакистан за можен прекин на огнот со САД, пренесува Ројтерс.
Аракчи се сретнал со шефот на пакистанската дипломатија Мохамад Исхак Дар и со началникот на армијата Асим Мунир, при што разговарале за регионалните случувања и можностите за прекин на огнот.
Оптимизмот за нов круг директни американско-ирански преговори опаѓа поради цврстите позиции на двете страни, а сè уште не е јасно кога би можел да има напредок.
Пакистан во меѓувреме има улога на посредник и продолжува со дипломатските напори, иако вториот круг разговори, кој требаше да се одржи во Исламабад, беше откажан во последен момент.
Текстот Иран и Пакистан разговараат за прекин на огнот со САД е превземен од МАКФАКС.























