Полскиот премиер, Доналд Туск, предупреди дека Русија би можела да нападне некоја членка на НАТО за неколку месеци, нагласувајќи дека заканата е краткорочна и сериозна, пишува „Фајненшл тајмс“.
Тој изрази сомнеж дали САД ќе останат целосно посветени на одбраната на Европа и повика Европската унија да стане вистински сојуз со конкретни одбранбени капацитети.
„Ова е нешто навистина сериозно. Зборувам за перспектива од месеци, не од години“, рече Туск, додавајќи дека гаранциите на НАТО мора да се претворат во практична подготвеност.
Како пример ја наведе ситуацијата од 2025 година, кога руски дронови навлегле во полскиот воздушен простор, а дел од сојузниците се двоумеле како да реагираат.
Туск нагласи дека Европа мора да ја зајакне својата одбранбена улога и да развие конкретни механизми за заедничка реакција, особено во услови на зголемена неизвесност околу трансатлантските односи.
Текстот Туск предупредува: Русија може да нападне членка на НАТО за неколку месеци е превземен од МАКФАКС.























