На 23 април, четврток, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори самостојна изложба на слики со наслов „Магични кругови“.

Се работи за 22 слики (акрил и масло на платно) од неговата најнова продукција работена во последните неколку години и истата претставува продолжување на неговиот повеќегодишен претходно развиен концепт.

Јовица Ивановски е роден 1962 година во Куманово и е самостоен ликовен уметник кoј реализирал неколку самостојни ( Куманово и Кратово ) и групни изложби од локален и меѓународен карактер. Учествувал на повеќе Меѓународни Ликовни Колонии меѓу кои: Лесново Пробиштип 2003 година, Македонска Икона Куманово 2008 година, Карпино Куманово 2012 година, Македонска Икона Свети Николе- Немањци 2005 година, Фукушима – Интернационална изложба 2018 година Скопје, Куманово, Кавадарци, Струмица, Битола, Охрид.
Живее и работи во Куманово.
Изложбата ѓе биде поставена до 05.05.2026.
Текстот Изложба на слики „Магични кругови“ од Јовица Ивановски – Моче во Куманово е превземен од МАКФАКС.






















