На маргините на Министерската конференција што се одржува во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари билатерална средба со министерот за правда на Босна и Херцеговина, Давор Буноза.
Средбата беше посветена на продлабочување на досегашната билатерална соработка меѓу двете институции, при што беа разгледани можностите за потпишување на меморандум за соработка како основа за поинтензивна и структурирана идни партнерска интеракција.
Во фокусот на разговорите беа реформата на јавната администрација, унапредувањето на институционалните и административните капацитети, како и размената на искуства и добри практики во насока на зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на јавните услуги.
Соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно јакнење на соработката и континуирана размена на знаења и експертиза, со цел поддршка на реформските процеси и усогласување со европските стандарди.
Во рамки на конференцијата, министерот Минчев е предвидено да се обрати на утрешниот министерски состанок, при што ќе има и свое излагање посветено на актуелните предизвици и приоритети во областа на реформата на јавната администрација, како и на унапредувањето на регионалната соработка во контекст на европската интеграција.
Текстот Македонија и БиХ ја продлабочуваат соработката: билатерална средба помеѓу Минчев и Буноза е превземен од МАКФАКС.























